ЗАХАРОВА ЖЕСТОКО МУ ОДБРУСИ НА БОРЕЉ: Портпаролката јасно кажа што мисли за Западот, а потоа се осврна на помирувањето на РУСИЈА И УКРАИНА
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ја коментираше изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јосеп Борељ, дека „помирувањето на Русија и Украина и прекинот на непријателствата би било грешка“.
Монструозни и шокантни се зборовите на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борељ, дека помирувањето меѓу Русија и Украина би било грешка , изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова .
„Тоа е уште една монструозна изјава, но се доживува како „тоа е Борељ“. всушност токму на ист начин се доживува и во земјите од Европската Унија. Од век во век го имаме истото. Западот само мисли како сите да ги раскара, а потоа не ни дозволува да се помириме, да живееме нормално или стабилно да коегзистираме“., изјави Захарова за радио „Спутник“.
Таа истакна дека ваквите изјави постојано се повторуваат, поради што се се вклопува во разбирањето на суштината на таа личност и на оние кои стојат зад него.
Претходно високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ изјави дека „помирувањето на Русија и Украина и прекинот на непријателствата би било грешка“.
„Повторно сме во искушение да се помириме. Овие идеи беа погрешни во 2022 година и остануваат погрешни и денес. Не смееме да дозволиме да ја обликуваат нашата политика кон Украина“, напиша европскиот функционер во авторски текст за францускиот весник „Нувел опсерваторе“.