Захарова: Западот сега ќе се соочи со ослободеното лудило на чудовиштето што го хранеа

„Украинскиот напад со беспилотно летало врз Москва служи како предупредување за Западот дека сега ќе се соочат со лудилото на режимот во Киев“, изјави за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

„Ова е сигнал до меѓународната заедница, до колективниот Запад, кој е колективен само на површина, но целосно фрагментиран во пракса, дека Западот сега ќе наиде на ослободеното лудило на чудовиштата што ги одгледувале, ги хранеле, опремувале, снабдувале со оружје без контрола и ги опсипувале со пари“, посочи Захарова.

Според руското Министерство за одбрана, синоќа над руските региони биле соборени 337 украински беспилотни летала, од кои 91 над Московскиот регион. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушната одбрана го одбила досега најголемиот напад со беспилотни летала врз руската престолнина. 

Две лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во московскиот регион. Во нападот беа оштетени станбени и други објекти и изгореа десетици возила. Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за терористички акт во врска со големиот напад.