ЗАХАРОВА ЗА КРИТИКИТЕ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ПУТИН: Ако Шолц престане да ги слуша инструкциите од Белата куќа, може да го извлече Берлин од кризата

Портпаролот на МНР на Русија накратко одговори на негативните коментари на британскиот премиер и германската канцеларка за интервјуто на Путин

Коментарите на германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак за интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин само покажуваат колку овие политичари се зависни од Вашингтон, коментира за Комсомолскаја Правда портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

– Шолц не ја послуша американската наредба да не се гледа интервјуто – рече таа, алудирајќи на коментарот на Белата куќа дека интервјуто на Путин не треба да се гледа и додаде дека „ако (Шолц) почесто ги прекршува упатствата на Белата куќа, тогаш можеби тој ќе ја извлече Германија од криза“.

Германската канцеларка, инаку, вчера изјави дека Путин кажал „многу лаги за историјата на оваа војна“ во интервјуто и целото интервју го окарактеризира како апсурдно.

Захарова не му остана должна ниту на британскиот премиер Риши Сунак, кој денеска изјави дека му е драго што Велика Британија од самиот почеток го поддржува Киев.

На ова Захарова кусо одговори дека британските премиери во последните години не се грижат за себе и за својата земја, туку само послушно ја спроведуваат волјата на Вашингтон.