Захарова ја исмеа Урсула фон дер Лајен: Дали и Земјата ротира по наредба на Москва?

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на Урсула фон дер Лајен, шефица на Европската комисија, во која се наведува дека Русија е виновна за штрајковите и незадоволството на земјоделците, предизвикани од климатските промени.

– Па, ова е моќен пресврт. Неочекувано, но и пријатно е што управуваме и со климата на планетата. Каде се во сето ова земјоделците од ЕУ? Очигледно со нив се занимаваат некои руски аматерски хакери. Се прашувам дали и Земјата ротира по налог на Москва  – со потсмев коментираше Захарова.

Изминативе недели во земјите на ЕУ често имаше протести на земјоделците кои бараат да се укинат бројните рестрикции, да се промени земјоделската политика, како и да се прекине увозот на евтини странски производи. Тврдат дека политиката во ЕУ станала неисплатлива и за тоа ја обвинуваат политиката на Европската комисија. 

Кремљ веќе изјави дека Западот ја обвинува Русија за сите настани и дека тоа стана општ тренд.