Зачинот кој сите го имате дома прави чуда за вашето тело: ја подобрува функцијата на црниот дроб, го намалува воспалението

Каранфилчето содржи соединение наречено еугенол, кое има моќни антиинфламаторни и ублажувачки својства, како и антибактериски и антивирусни ефекти.

Каранфилчето е миризлив зачин направен од исушени цветови, пупки на дрвото Syzygium aromaticum родено во Индонезија. Се користи како природен лек во ајурведската и традиционалната кинеска медицина илјадници години. Овој зачин има сладок, малку горчлив вкус и е многу ароматичен, поради што е широко користен во готвењето и во козметичката индустрија.

Каранфилчето е богато со еугенол – соединение со силни антиинфламаторни својства.

Каранфилчето е богато со растителни соединенија за кои е докажано дека имаат моќни антивоспалителни и антиоксидантни ефекти, поради што се зема како додаток во исхраната. Заради подобрување на здравјето може да се користи во различни форми, најчесто како екстракт од каранфилче, масло или како мелено каранфилче.

Овој индонезиски зачин е богат извор на растителни соединенија кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни придобивки, особено соединението еугенол, кое сочинува помеѓу 70 и 90 проценти од есенцијалното масло од каранфилче. Докажано е дека еугенолот има моќни антиинфламаторни, антиканцерогени, антиоксидантни и ублажувачки својства и делува како природен антисептик.

Здравствени придобивки од каранфилче

Каранфилчето е и одличен извор на витамин К, калиум, бета-каротен, еугенол. Тој е богат со манган, минерал кој му помага на нашето тело да ги контролира ензимите кои помагаат во регенерацијата на коските и создавањето хормони. Манганот може да делува и како антиоксиданс кој го штити телото од штетните слободни радикали (нестабилни атоми кои предизвикуваат оштетување на клетките).

Некои здравствени придобивки од каранфилчето

Намалување на воспалението

Каранфилчето содржи многу соединенија познати по своите антиинфламаторни својства, од кои еугенолот е најважен. Се покажа дека го намалува инфламаторниот одговор на нашето тело, што може да го намали ризикот од здравствени проблеми како артритис, но и да ја олесни контролата на симптомите.

Помалку слободни радикали

Каранфилчето е полно со антиоксиданси кои му помагаат на телото да се бори против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Со отстранување на слободните радикали од телото, антиоксидансите можат да помогнат да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дијабетес и одредени видови на рак.

Заштита од чир

Истражувањата покажуваат дека каранфилчето може да помогне во заштитата на желудникот од чир. Повеќето чирови се предизвикани од разредувањето на слузните слоеви кои ја штитат слузницата на желудникот. Истражувањата покажуваат дека консумирањето каранфилче во големи количини може да ја згусне оваа слуз, намалувајќи го ризикот од развој на чиреви и помагајќи да се излечат чиревите што веќе ги имате.

Подобрена функција на црниот дроб

Каранфилчето исто така може да му помогне на црниот дроб подобро да функционира. Истражувањата покажаа дека еугенолот може да помогне да се намали ризикот од цироза на црниот дроб и заболување на замастен црн дроб.

Олеснување на забоболка

Низ историјата, луѓето користеле масло од каранфилче за ублажување на забоболка. Некои козметички производи и лекови користат еугенол поради неговите антибактериски, антигабични и антивирусни способности. Маслото од каранфилче се користело за ублажување на забоболка уште во далечната 1649 година. Тоа и денес е популарен третман благодарение на еугенолот – природен анестетик. Иако етеричното масло од каранфилче е добро за лекување болка, нема доволно докази дека ги убива и бактериите кои го предизвикуваат проблемот.

Помага во борбата против инфекциите

Во традиционалната медицина, каранфилчето се користело за лекување на разни инфекции, особено респираторни инфекции. Истражувањата покажуваат дека каранфилчето нуди антигабични, антибактериски и антиинфламаторни ефекти, кои можат да бидат корисни за лекување и спречување на одредени инфекции. Исто така, производите од каранфилче, како што е маслото од каранфилче, имаат антифунгални и антибактериски ефекти против патогени кои најчесто предизвикуваат болести кај луѓето, како што се габите Кандида и Аспергилус.