Интимната врска, освен што носи големо задоволство, е придружена и со одредени проблеми кои често можат да го расипат уживањето во кревет.
Одамна е познато колку водењето љубов може да биде корисно за нашето здравје. Сепак, одредени грешки кои многумина ги прават може да имаат негативно влијание врз здравјето и појавата на одредени инфекции.
Еве три работи кои дефинитивно треба да ги правите после секс:
Веднаш во тоалет
Веројатно сте слушнале дека треба веднаш да одите во тоалет по сексуалниот однос и тоа е со добра причина. Уринирањето ги исфрла бактериите или токсините кои можеби навлегле во уринарниот тракт за време на сексуалниот однос. По мокрењето, измијте ги гениталиите за да спречите развој на инфекции.
Носете памучна долна облека
Тантелните гаќички се секси, но памукот е подобар, а кожата може да дише. Бидејќи е природно влакно, памукот е хипоалергенски материјал, добро ја апсорбира потта и нема да ја иритира чувствителната генитална област.
Гушкајте се со вашиот партнер
Има причина зошто шепотењето на перницата е толку убаво искуство. Секој пат кога имате интимна врска, го ослободувате љубовниот хормон – окситоцин. Затоа е важно да разговарате со партнерот по сексуалниот однос. Тоа е одличен начин да се поврзете и да создадете поголема интимност.