Најмалку 100 загинати при израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Газа

 – Министерството за здравство во Газа соопшти дека според првичните сознанија 100 лица загинале во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија.

Министерството оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на платформата Телеграм.

Во соопштението се наведува дека израелската војска го бомбардирала бегалскиот камп Џабалија кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа.

Како што се истакнува во соопштението, според првичните сознанија, во нападот загинале 100 лица, додека населбата „Блок 6“, која е еден од цивилните населени места во кампот, е целосно уништен.

Во соопштението се наведува дека голем број лица се повредени, а загинатите и повредените се пренесени во Индонезиската болница.