Зајкова: Од ЛДП никогаш не сме разговарале со Мицкоски за влез во Владата

Христијан Мицкоски при формирањето на новата влада, кажа дека има и 2/3 мнозинство со пратеници кои би можеле да се приклучат на нивното мнозинство. Дали тоа се пратениците од ЛДП, ја прашавме Моника Зајкова која гостуваше во ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“:

„Тоа беа постојани индиции и се ставаше ЛДП, ние и тогаш демантиравме, ЛДП не влегува во влада, туку останува опозиција, ќе дејствува и онака како што дејствуваше изминатиот парламентарен состав, согласно заложбите, тоа значи одредени мерки кои сме го предложиле и сметаме дека се добри ќе ги поддржиме, а најгласно ќе ги критикуваме оние работи кои сметаме не се добри.

Во однос на комуникација со Мицкоски, никогаш не сме комуницирале за влез во влада, туку само за одреден закон, и сме ги презентирале нашите идеи. Секогаш сме комуницирале со сите лидери на политички партии, затоа што Македонија мора да се држи до ниво на културен политички дијалог“, изјави Зајкова.