ЗА АВТОГРАМ 100 ФУНТИ, А ВЕЧЕРА 5.000 ФУНТИ – Поранешниот репрезентативец на Англија и легенда на Челзи одлучил да заработи од популарноста !?
Поранешниот англиски фудбалер и капитен на Челзи, Џон Тери, одлучи да ги наплати своите јавни настапи.
Оваа одлука на поранешната фудбалска суперѕвезда ги изненади сите во Велика Британија. Но, Џон Тери решил да ja истурка своjaта идеја, па направил и ценовник.
Автограм од поранешниот дефанзивец на Челзи чини 100 фунти, вечера за 10 луѓе ќе чини 5.000 фунти. Ова е цената за навивачите кои не се од Бирмингем, бидејќи тие добиваат попуст.
Според весникот The Telegraph, првата средба на Џон Тери со навивачите се случила минатиот петок. Предвидени се вкупно четири средби. Следниот петок поранешниот капитен на Челзи ќе биде со навивачите во Бирмингем, во октомври во Бурнмаут, а во ноември ќе има средба во Лондон.
Минималната влезна цена за средбата во Бирмингем е 25 фунти, а Џон Тери плаќа дополнителни 100 фунти за еден автограм.
За 5.000 фунти можете да купите „спонзорски пакет“, вечера со Џон Тери за 10 луѓе, од кои секој може да добие автограм и заедничка фотографија.
Во Лондон основниот билет ќе чини 30 фунти, додека златниот пакет чини 110 фунти. Настаните со Џон Тери се организирани од Knock Out Memorabilia & Events. Сепак, не беа дадени информации каде ќе одат приходите.