За Бјанка и Кање Вест поради порнографски апликации пристигна и тужба

Раперот Канје Вест ја пушти во употреба апликацијата „Yeezy Porn“, а според странските медиуми, неговата сопруга испраќала несоодветна содржина која била достапна за малолетници.

Канје Вест и Бјанка Ценсори веќе подолго време ја шокираат јавноста со своите бизарни тоалети и однесување, а сега парот е мета на тужба поради нивното однесување. Според Page Six, последната капка за вработените кои работат на новата апликација на раперот, која се занимава со филмови за возрасни. 

Според судските документи, Бјанка е обвинета за испраќање видеа со несоодветна и експлицитна содржина на вработените, а истото видео наводно им било достапно на малолетници кои работеле на апликацијата на раперот. 

Но, Бјанка не е единствената именувана во тужбата. Канје и неговиот соработник Мило Јанопулос наводно не им плаќале на вработените за сите часови што ги работеле, а во тужбата се наведува и дека се однесувале кон нив на „суров, нечовечки и понижувачки начин“ и дека ги подложиле на расистички навреди и ги нарекувале „ робови“. 

Според документите, раперот и неговиот соработник ангажирале група програмери, меѓу кои имало и 14-годишни тинејџери. Работниците тврдат дека им биле ветени 120.000 долари кога апликацијата била комплетирана. Склучиле договор за необјавување, а малолетниците морале да потпишуваат „доброволни“ договори. Покрај споменатата апликација, тие ја креираа и стриминг апликацијата IZIVSN како конкурент на Spotify и Apple Music. 

Покрај неисплатените плати и прекувремената работа, вработените бараат и компензација за претрпената душевна болка.