За влакно спасија глава: Меган и Хари избегнаа трагичен исход како оној во кој загина принцезата Дијана
Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе загинале бегајќи од папараците, пишува CNN.
ПР-от на славната двојка потврди дека трагедијата за малку ќе се случела откако кралската двојка присуствувала на доделувањето на наградите „Women of Vision“, одржано во Њујорк.
Меган и Хари првпат се појавија во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс. Во својот говор, по добивањето на една од наградите, Меган ги поттикна жените да се борат за еднаквост, а по церемонијата заедно со сопругот и мајката Дорија Рагланд влегла во автомобил, кога папараците почнале да ги бркаат.
Во изјава за CNN, ПР на славната двојка рече:
– Синоќа војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил со многу агресивни папараци. Оваа потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќе блиски допирања во кои учествуваа други возачи на улица, пешаци и двајца полицајци.
Во соопштението се вели дека парот разбира дека да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, но тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност.
Да потсетиме дека мајката на Хари, принцезата Дијана, почина во 1997 година откако се обиде да побегне од папараците кои ја следеа додека возеше низ Париз.