ЗА ‘ВЛАКНО’ ЈА ИЗБЕГНА СМРТТА! Мароканската фудбалска ѕвезда возел 200 km/h по што удрил во спортска сала за деца – Белгија во шок! (видео)
Поранешниот фудбалер на фудбалскиот клуб Лацио изгубил контрола над возилото кое со голема брзина се движело по влажниот коловоз и излетал од патот.
Младиот марокански фудбалер Софиан Квин (25 г.) доживеа тешка сообраќајна несреќа во белгискиот град Лиеж кога изгубил контрола над автомобилот.
Возилото се движело со несоодветна брзина на дожд, поради што Квин излетал од патот и удрил на ѕидот од спортската сала во близина. Возилото било целосно згмечено, а повредите со кои се здобил Квин биле многу сериозни, но за среќа несреќата не била опасна по живот.
Фудбалерот на Лувен го возел автомобилот со речиси 200 км/ч и не забележал дека се приближува до кружниот тек, по што не успеал да ја намали брзината ниту да го запре возилото а наместо тоа удрил во тротоарот по што прелетал низ ѕидот на споменатата сала. За среќа во тој момент салата била празна бидејќи децата кои тренираат таму биле во соблекувалните.
Софијан важеше за еден од најталентираните играчи во Белгија и уште како тинејџер пристигна во Италија каде се докажа во дресот на Киево и Салернитана, па подоцна Лацио го купи во летото 2019 година. Сепак, тој постојано беше испраќан на позајмица, два пати во неговиот поранешен клуб Салернитана, а потоа и во Венеција, додека од летово е член на Левен со кој потпиша четиригодишен договор. Сезонава одигра 22 натпревари и забележа два гола и исто толку асистенции, а сега го чека долга пауза.
Погледнете го видеото од сообраќајната несреќа во која Квин имаше среќа да избегне фатален исход: