За време на викендот во Македонија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег

Од петок, 3 јануари и за време на викендот, поларен бран со потекло од Арктикот ќе го зафати поголемиот дел од Балканот, кој ќе влијае на значително намалување на температурите и кај нас.

Според МетеоАларм, во текот на ноќта кон петок и сабота најпрво ќе има врнежи од дожд, а потоа поради продор на студен воздушен бран и северен ветер ќе преминат во снег во градските средини во северозападните делови од земјава.

МетеоАларм најавува дека врнежи од снег и силен ветер во форма на зимско невреме ќе го зафатат поголемиот дел од Балканот, додека за време на викендот, покрај зголемувањето на дебелината на снегот, минималните температури ќе се движат од минус 12 до минус 20 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе има забележителен пораст на дебелината на снегот, на планинските падини и скијачките центри во земјава.

По предупредувањата за влошување на времето во наредните денови, агрометеоролозите, како што потврдуваат дека врнежите се добредојдени за зголемување на водните капацитети, препорачуваат да се преземат превентивни мерки за зајакнување на оранжериите и другите градби.