Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското Море, за време на викендот (сабота и недела, 24/25 мај), времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно со повремени обилни и поројни врнежи од дожд, локално придружени со грмежи. Локално, овие процеси можат да се појават и во форма на бури.
Во некои области ќе наврнат значителни врнежи (над 30 литри на квадратен метар).
Дури и во Скопје и околината, викендот ќе биде дождлив. Повремено, врнежите од дожд ќе бидат обилни и поројни.
Во исто време, од север и североисток ќе се спушти значително постудена воздушна маса, што значително ќе ги намали температурите на воздухот, а тие ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Поради падот на температурите, не може да се исклучи можноста за слаби врнежи од снег на високите планини (над 2.000 метри надморска височина).
Најголем пад на температурите и значително постудено време ќе има особено во недела (25 мај), кога дневните температури ќе се движат само од 10 до 18 степени. Продирањето на многу постуден воздух од север и североисток овој викенд ќе биде придружено и со засилени северни ветрови.