За време на лет во авионот никогаш не нарачувајте кафе или алкохол! Стјуард предупредува: “Речиси никој не знае што се случува за време на летот, ова не е наивно!“
Стјуард открива зошто кафето и алкохолот не се добар избор за време на авионски лет.
Дали некогаш сте размислувале како пијалоците и храната влијаат на вас за време на авионскиот лет ? Летовите, особено оние на долги релации, може да ги направат луѓето летаргични или немирни додека се обидуваат да го поминат времето. Стјуард на авио-компанијата Air New Zealand, Бен Ватман, ја откри клучната работа што треба да ја имате на ум при долгите летови.
„За време на долг лет, клучот е да се чувствувате удобно и безбедно, а особено е важно да спиете повеќе од 10 часа за време на летот“, рекол Бен и потоа објаснил што се случува со нашето тело за време на летот. „Поради рециркулацијата на воздухот во авионот, грлото, носот и кожата ќе ви се исушат“, објаснил тој.
Стјуардот додал и дека луѓето можат да изгубат од еден и пол до два литри вода за време на лет кој трае 10 или повеќе часа. Затоа, нагласува тој, важно е да бидете доволно хидрирани. Затоа Aerospace Medical Association ги советува патниците да го ограничат консумирањето алкохол, чај и кафе за време на летот, бидејќи можат да предизвикаат дехидрација, а за време на летовите да пијат само вода.