За време на настапот ѝ ,,ѕирна” интимата! Пејачката пееше и скокаше, а потоа се случи нешто што не е за малолетни! (ФОТО)
Теа Таировиќ напорно настапува низ целиот свет, а викендов пееше во Лондон каде направи забава за паметење
На нејзиниот Инстаграм профил беа објавени видеа од настапот кој го приреди а и нејзините следбеници имаа што да видат.
Додека ја изведуваше својата песна „Дубаи“, Теа се понесе од атмосферата и почна да скока на сцената. Пејачката сигурно заборавила дека носи мини фустан кој се креваше додека скокаше наоколу, давајќи им можност на публиката да ја види нејзината долна облека.
Не грижејќи се дека се гледа премногу, Теа сепак го сподели ова видео на својот профил.
Теа Таировиќ додека учествуваше на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ доби остри критики од стручното жири.
Сега и Босанецот Драган Стојковиќ се изјасни дека Таировиќ не напредувала многу, и дека сè уште не пее добро.
– Не сте ја слушнале како пее во живо, не се шегувајте. Ja слушав за Нова Година. Пееше некаде во Сараево, во Зетра. Девојката е добра работа, девојката изгледа убаво, но да не претеруваме сега. Тогаш таа ти е колешка и се гордееш со нејзиното пеење – изнервирано рече Босанецот.