За време на натпреварот Алкараз добил МИСТЕРИОЗНО црвено апче од кутијата – СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ОВОЈ МОМЕНТ (ВИДЕО)

Тенисерот број еден во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во осминафиналето на УС Опен, откако го совлада Британецот Даниел Еванс со 3:1, но не се зборува само за победата по мечот.

Големо внимание привлече моментот кога од кутијата на шпанскиот тенисер пристигна стаклено шише во кое имаше пилула.

Тој момент се споделува на социјалните мрежи и сите се прашуваат што конзумирал Карлитос, а се издвојува фактот што никој не се занимавал со тоа колку што би се занимавал доколку Новак го направел истото.

Во осминафиналето Алкараз ќе игра против Италијанецот Матео Арналди, кој во три сета го победи 16. рангираниот тенисер во светот Британецот Камерон Нори.