Петнаесетгодишен ученик денеска е тешко повреден откако бил избоден со нож од друг ученик во училиште во близина на Милано при тепачка која избила поради девојче, но неговиот живот не е во опасност.
Ученик бил избоден со нож во бутот во училиште во населбата Сан Донато Миланезе во миланската област Ломбардија, јави АНСА.
Сличен инцидент се случи во понеделникот во училиште во Варезе, во близина на Милано, кога 17-годишен ученик избоде наставничка и му нанесе полесни повреди поради лоша оценка.
Семејството на 57-годишната учителка Сара Кампиљо изјави дека ученикот сакал да ја убие и можеби ќе се обиде повторно.
Во меѓувреме, италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара изјави за новинарите дека нападите од родителите врз наставниците минатата година се зголемиле за 111 отсто.