За две години 85.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија

За две години, 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија, со што Македонија губи 4,6 отсто од населението, покажува истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Според последниот попис на населението во Германија во 2022 година, во таа земја живеат 222.000 луѓе од Македонија, од кои 158.000 се родени во Македонија, покажува истражувањето.

Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани на Македонија во Германија се зголемил за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 од нив во 2022 година, според истражувањето од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери.