За директор на Државна лотарија е именуван Александар Климовски

Државната лотарија доби нов директор, д-р Александар Климовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустиниан Први“ во Скопје.

Климовски предава предмети како Право на трговски друштва, корпоративен менаџмент, корпоративна етика и право за коцкање.

Тој е еден од најпознатите правни експерти во регионот за регулирање на коцкањето, а неговите научни трудови се цитирани во реномирани научни списанија.