За еден месец, светот ќе добие кралска свадба: Откриени се сите детали од свадбата на најбогатиот човек на светот и „ловецот на сопрузи“ (фото)

Основачот на „Амазон“, милијардерот Џеф Безос, и неговата свршеница, поранешната ТВ водителка Лорен Санчез, ќе се венчаат следниот месец во Италија. Како што објавија странските медиуми, овој гламурозен настан ќе се одржи во периодот од 24 до 26 јуни, а веќе се најавува како една од најкоментираните свадби во годината.

Според британскиот „Сан“, Џеф Безос и Лорен Санчез, која често ја нарекуваат киднаперка на сопругот, за место за нивната венчавка избрале импресивен театар на отворено, кој се наоѓа на еден од венецијанските острови.

„Се шпекулира дека резервирале театар кој неодамна е реновиран“, изјавил извор за весникот, додавајќи: „Не е обично место за свадби, но ќе биде легендарно. Сите зборуваат за тоа, ќе биде огромна прослава.“

profimedia0458404626.jpg

Директорот на општинскиот совет на Венеција, Морис Шерон, откри дека тој лично имал улога во организацијата на оваа свадба.

„Пред седум месеци, Доменико Долче ми кажа дека Безос ќе се жени“, рече Шерон.

„Веднаш се зафатив со работа да ја донесам оваа свадба на векот во Венеција – така започна сè.“

Дека станува збор за голем настан потврдува и градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунијаро, кој рече дека бројот на гости бил внимателно контролиран.

„Поканети се само двесте гости, па Венеција ќе може да биде домаќин на ваков настан без никакви проблеми, без никакви пречки за градот, неговите жители и посетителите“, рече Брунијаро.

Список на гости

Списокот на гости е сè само не обичен. Според списанието „Пипл“ од март, двојката веќе испратила покани, а меѓу гостите се Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и Карли Клос и Џошуа Кушнер. Тука се и други светски ѕвезди како Ким Кардашијан, Опра Винфри, Леонардо Дикаприо, но и бројни други познати личности од светот на забавата, политиката и бизнисот.

Музика достојна за кралска свадба
Како што неодамна објави „Дејли меил“, Безос и Санчез не штедат кога станува збор за забава. Според нив, Лејди Гага и Елтон Џон ќе бидат ѕвездите на вечерта, задолжени за музиката на свадбата која веќе го носи епитетот „кралска“ само без сината крв.

Иако сè уште не се откриени сите детали од церемонијата, јасно е дека секој сегмент од неа ќе биде внимателно испланиран, од ексклузивната локација, преку импресивниот список на гости, па сè до забавната програма. Подготовките се во полн ек, а Венеција веќе врие од шпекулации и возбуда.

Свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција дефинитивно ветува дека ќе биде запаметена како еден од најспектакуларните настани во оваа деценија.