За инат на него избрала помлад маж: Бившата на Дикаприо сега се бакнува со ова момче

Актерката Камила Мороне неодамна беше фотографирана со своето ново момче – американскиот режисер на музички спот Кол Бенет во Њујорк.

Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната девојка на Леонардо ди Каприо уживала во вечерно излегување со 28-годишниот Кол, а друштво им правеле Каи Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот партнер, актерот Остин Батлер.

Вниманието на јавноста го привлече и тоа што сегашниот партнер на Камила е многу помлад од нејзиниот поранешен – Леонардо ди Каприо.

Со него беше во врска 4 години, а во јавноста се шпекулира дека славниот оскаровец раскинал со неа во 2022 година поради возраста. Односно, ја преминала дозволената граница на актерот – во моментот на раскинувањето имала 25 години.