За малку избегната катастрофа: Бомба од Втората светска војна отстранета во последен момент

Деминерите утврдиле дека се работи за проектил од германско производство со калибар 170

Во Љубљана денеска е пронајдена и отстранета бомба останата од Втората светска војна , а нема повредени. Бомбата ја откриле градежни работници во улицата Стрелишка нешто по девет часот, поради што таа улица и околните улици биле затворени извесно време, јавува порталот 24УР.

Според информациите, полицијата и деминери работеле на отстранување на бомбата, за која утврдиле дека е проектил од германско производство со калибар 170, на кој му недостасувале некои делови, што можело да ја предизвика експлозијата.

Откако беше отстранета бомбата, улиците беа повторно отворени за сообраќај.