„За мене ова е остварување на сонот“: Теа Таировиќ одржа концерт за паметење – Преполна арена, публиката во делириум (фото)
Со спектакуларен концерт пред преполниот Ташмајдан, каде имаше 10 илјади луѓе, младата музичка ѕвезда Теа Таировиќ приреди настап за паметење. Под ведро небо Теа направи концерт за кој долго ќе се зборува.
Музичко-сценскиот спектакл траеше речиси три часа, комплетиран од голем број танчери, придружувани од визуелни и пиротехнички средства според светските стандарди.
Теа ги испеа сите нејзини хитови кои ја ставија публиката во транс, а публиката цело време пееше заедно со неа.
– Ова е остварување на сонот за мене. Тој адреналин кога ќе застанете пред 10.000 луѓе не може да му се опише на некој што не го доживеал. Подготовките беа многу напорни. Тешко беше, напорно, стресно, но мислам дека вреди. Концертот му го посветив на семејството – возбудено им кажа Теа на новинарите, а потоа откри дали имала ритуал пред да излезе на сцената.
– Немам ритуал пред настапот, единствено е што секогаш носам една икона под костимот, таму под градите – нагласи таа, а потоа го додаде советот што и’ го дала мајка и’ Божица.
– Мајка ми ми рече да бидам мирна и сконцентрирана, дека ме сака и се гордее со мене. Благодарност до семејството кое веруваше во мене, пријателите и колегите.
На новинарите им кажа дека копнеела за бурек и тестенини, бидејќи десет дена такво нешто не јадела.
-Луѓето ми велат дека ослабев, веројатно ослабев од недостаток на сон, од стрес и од физичкиот тренинг што ми беше потребен за концертот. Последниве две недели многу ослабев – настапи, подготовката на албумот и концертот беше многу тешко.
Специјални гости на концертот беа Сања Вучиќ и бугарската ѕвезда Галена, која изјави дека многу сака да работи со Теа.
– Многу ја почитувам нејзината работа – истакна Галена.
За време на настапот Теа цело време комуницираше со публиката, а во еден момент заплака додека ја пееше песната „Не грижи се мајко“, од актуелниот албум „Балерина“.
Додека ја изведуваше оваа песна, публиката ги држеше телефоните вклучени и снимаше, а ниту мајката на Теа, Божица не можеше да ги сокрие солзите.
– Ова е ноќ што ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Не можам да ја опишам среќата и задоволство, кога видов дека публиката цело време пее со мене и ужива на концертот. Ова ќе ми биде врежано во меморијата додека сум жива. Благодарност до публиката која веруваше во мене од првиот ден и ми даде ветер во грб. Знам дека не ги разочарав бидејќи после концертот добивам само позитивни коментари, што ме прави навистина среќна жена. Ова е само почеток на моите идни големи концерти – изјави Теа по концертот.
Концертот го организираше Камарад продукција. На концертот дојдоа голем број познати личности, меѓу кои и Александра Пријовиќ, Сара Јо, Марта Савиќ, Дуња Јованиќ и многу други.