Барселона од почетокот на летниот преоден рок бара крилен напаѓач, а по неуспешните трансфери на Вилијамс и Леао се одлучи за играч на Јувентус.
Италијанскиот офанзивец Федерико Киеза наскоро би требало да стане нов фудбалер на Барселона, а единствено за трансферот останува „бјанконерите“ да дадат согласност.
Од моментот кога новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота го пречкрта Киеза, италијанскиот репрезентативец стана еден од најинтересните актери во преодниот рок. Сепак, клубовите не се потрудија да го доведат, што не беше ситуацијата по ЕП 2021 кога беше еден од најбараните играчи во Европа. Сепак, повредите го направија своето и неговата цена падна.
Барселона е во потрага по крилен напаѓач од почетокот на летниот преоден рок. Првата желба беше Нико Вилијамс, кој блескаше за Шпанија, но тој реши да остане во Атлетик Билбао. Потоа размислувале за Рафаел Леао, но тој е прескап.
На крајот ќе се задоволи со Киеза.
Најмалку би чинел асот на „Старата дама“, а првиот дел од работата е веќе завршен со оглед на тоа што играчот се согласил на трансферот и останува само клубовите да се договорат.
Јувентус бара 15 милиони евра, а Барса нуди 13 милиони и се очекува наскоро да биде комплетиран трансферот.
Киеза минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и три асистенции.