За неколку часа Појасот Газа ќе остане целосно без струја ?!

Снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа ќе биде целосно прекинато за неколку часа, соопшти во средата Владата на енклавата под контрола на Хамас.

Сите основни услуги во Појасот Газа зависат од струја, а делумното снабдување со генератори нема да биде возможно поради спречување на снабдувањето со гориво преку портата Рафах“, се наведува во соопштението на Владата.

Да постетиме дека во понеделникот, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа, велејќи дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија, храна, вода и гориво за палестинската енклава по нападот на Хамас.

Појасот Газа е едно од најгусто населените места на Земјата, каде што живеат околу два милиони луѓе на површина од 365 квадратни километри.