За новогодишната ноќ во Франција ќе има 90.000 полицајци: 6.000 полицајци само во Париз, голема закана од терористички напад (фото)
Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, изјави шефицата на разузнавачката служба Селин Бертон.
Од нив, 6.000 ќе бидат во главниот град Париз.
Таму, според зборовите на францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, се очекуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе на Шанзелизе.
Дарманен на прес-конференцијата рече дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што „се случува во Израел и Палестина”.
Тој исто така додаде дека полицијата за првпат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат вработени десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.
Фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе биде на Олимписките игри, кои ќе се одржат во тој град следната година.
Дојче веле претходно објави дека, откако минатата новогодишна ноќ во Берлин се претвори во хаос, германската полиција најави дека ќе биде подготвена оваа година и најави најголем број полицајци на улиците.