За обвинител во Обвинителството на Р.Mакедонија е избрана Лиле Стефанова.
Таа беше избрана за обвинител во Републичкото Обвинителство, па стана една од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.
Обвинителот Љубомир Јовески е на оваа функција уште неколку дена, бидејќи мандатот му истекува на 25 декември.
Стефанова беше дел од тимот на СЈО и до пред изборите работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Таа е позната по случаите како „Империја“ и „Парцели на Водно“, кои завршија со пресуди за обвинетите.