Готов е за 10 минути, а ќе го јадете со брзина на светлината
Направете сочен колач со бисквити и јагоди кој ќе ве освежи во топлите денови.
За делот за бисквит ќе ви требаат:
300 грама мелена плазма
200 грама стопен маргарин
3 лажици шеќер во прав
5 супени лажици сок од портокал
Потребно за полнење:
400 мл слатка павлака
250 грама маскарпоне сирење
3-4 лажици шеќер во прав
400 грама јагоди
Подготовка: Измешајте ги бисквитите, путерот, шеќерот и сокот од портокал. Бисквитот притиснете го во калапот, а потоа направете го филот.
Се мати слатката павлака, се додава сирењето и се се матат. Додадете шеќер и ситно сечканите јагори. Над бисквитот се става филот , се лади, се сече и се сервира.