За подмладување си вбризгува крв од синот! Човечката Барби сака да го запре времето – не се откажува од бизарна одлука
Марсела Иглесијас (47) решила да се подмлади со вбризгување на крвта на синот.
Подмладувањето и одржувањето на младешкиот изглед отсекогаш биле дел од човечката потрага да го надмине минувањето на времето. Од антички еликсири и млечни бањи до модерни естетски процедури , луѓето низ историјата барале начин да ја зачуваат младоста и убавината.
Денес, со напредокот на технологијата и медицината, ваквите обиди добиваат нови димензии, а многумина се подготвени да се подложат на контроверзни методи за да го остварат својот сон за вечна младост.
На овој чекор одлучила Марсела Иглесијас, 47-годишна жена од Лос Анџелес која гордо се претставува како „човечка Барбика“. Оваа вљубеничка во естетиката, која досега потрошила повеќе од 200 илјади евра на естетски зафати , решила да оди чекор понатаму и да се обиде да го запре времето – со трансфузија на крвта на својот 23-годишен син.
Марсела верува дека крвта на помлад дарител има потенцијал да ги подмлади клетките и да го запре процесот на стареење . Оваа идеја се заснова на теории кои сугерираат дека крвта на младите може да го регенерира телото на постарите лица.
Сериозни ризици
Сепак, овој метод е далеку од научно докажан. Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) издаде предупредување дека трансфузијата на крв од млади дарители не е темелно истражена, ниту пак е потврдена нејзината безбедност или ефикасност во подмладување.
ФДА истакна дека таквите процедури може да носат сериозни ризици, вклучувајќи ја и можноста за инфекции и имунолошки реакции. И покрај тоа, Марсела ги игнорира предупредувањата и сака што побрзо да помине низ овој процес.