Иако е азиски зачин, денес свеж ѓумбир е достапен во речиси секој македонски супермаркет. Неговите моќи за здравје и вкусот на храната се неповторливи и споредливи само со нашиот домашен лук.
Азиската алтернативна медицина и кулинарски уметности користат ѓумбир за здравствени цели илјадници години . Коренот на ова туберозно растение од семејството на кринови е природен антибиотик кој помага во решавање на бројни тегоби, но и одличен сојузник во приготвувањето на многу јадења.
Се карактеризира со горчлив вкус и мирис на лимон кој е погоден за азиската кујна, но и за подготовка на пијалоци за борба против зимските настинки. Затоа, излупете парче и подгответе се за зимата.
Чудесните моќи на ѓумбирот:
- Ги намалува болките во грлото и воспалението во телото
- Ја подобрува циркулацијата на телото
- Ја ублажува мачнината и надуеноста
- Ги намалува грчевите во стомакот
- Го забрзува варењето и метаболизмот
- Ја намалува дијареата
- Го зајакнува имунитетот
- Ја ублажува болката во мускулите после вежбање
- Го релаксира целиот организам
- Компресите со ѓумбир ја намалуваат болката во грбот и вратот
Пијалок од ѓумбир
Свежиот корен (со големина на палецот) се ренда или се сече на парчиња, се вари во вода додека не зоврие, а потоа се остава во покриен тенџере уште десет минути . Исцедениот пијалок измешајте го со лимон и мед.
Внимание!
Имајте на ум дека ѓумбирот е исклучително моќен зачин и дека не треба да го консумирате без ограничувања . Ѓумбирот е безбедно да се јаде секој ден, но експертите препорачуваат да се ограничите на 3 до 4 грама дневно. Повеќе од 6 грама ѓумбир дневно може да предизвикаат стомачни и дигестивни проблеми како што се металоиди. Еден грам ѓумбир е еднаков на половина лажичка ѓумбир во прав или една кафена лажичка рендан суров ѓумбир.