ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА СЕ СЛУЧИ БИТКА ВО ВСЕЛЕНАТА – Погодена ракета на 100 километри над површината на Земјата !?
За првпат во историјата имало битка во вселената, пренесуваат светските медиуми.
Минатиот вторник беше објавено дека израелскиот систем за противракетна одбрана Arrow за првпат соборил балистичка ракета, во случајов истрелана кон Израел од јеменските Хути, пишува Jerusalem Post.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните системи ја следеле траекторијата на ракетата и ја пресретнале во најсоодветното оперативно време и локација.
Како што пренесува угледниот The Telegraph, проектилот бил пресретнат надвор од атмосферата на Земјата, односно во вселената.
Ракетата прелета речиси 1.600 километри пред системот за противракетна одбрана да ја собори. Има малку детали за инцидентот, но The Telegraph пишува дека ракетата била погодена над официјалната граница на вселената, позната како „Карман Линија“, која е 100 километри над површината на Земјата.
„Оваа операција беше трета цел во која Израел беше цел на напад, а ќе има уште повеќе“, изјави портпаролот на Хута, Јахја Сари во телевизиска изјава.
Тој вели дека нападите ќе продолжат додека не престане „агресијата“ на Израел, мислејќи на војната против Хамас во Појасот Газа.
По првичното предупредување за можен „упад на непријателски авион“, кој ги принуди жителите на туристичкото одморалиште Еилат да побегнат во засолниште минатиот вторник, израелската Армија соопшти дека нејзините системи идентификувале воздушна цел која се приближува до израелска територија.
Системот Arrow го разви компанијата Israel Aerospace Industries во соработка со израелските и американските одбранбени институции и се смета за една од најнапредните технологии за одбрана од балистички ракети во светот.
Беше објавено дека ова е првата ракета од Хуту која стигнала до израелска територија.
Израелскиот систем за противвоздушна одбрана Arrow, исто така, пресретна ракета со долг дострел на Хамас над пустината Негев во саботата навечер.