ЗА ПРВ ПАТ ПО НАРЕДБАТА ЗА АПСЕЊЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СУД – Владимир Путин потврди – заминува од Русија и оди кај неговиот близок пријател

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес потврди дека во октомври ќе отпатува за Кина на покана на претседателот на Кина, Си Џинпинг, и соопшти дека ќе учествува на форумот „Еден појас, еден пат“.

Иницијативата „Еден појас, еден пат“ беше лансирана во 2013 година, со цел Кина да влезе на пазарот во Европа, Африка, Блискиот Исток и Централна Азија. Симболично, оваа иницијатива претставува обнова на некогашниот пат на свилата. Дополнително, „Еден појас, еден пат“ нуди и активирање на голем број меѓународни трговски договори, во кои учествуваат голем број земји. Досега на иницијативата се приклучија повеќе од 150 земји и меѓународни организации. 

Претседателите последен пат се сретнаа лично во Русија во март оваа година, откако Си Џинпинг беше реизбран за претседател на Кина.

Си Џинпинг и Владимир Путин

Зборувајќи за претстојната посета на Владимир Путин на Кина, секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев порача дека во октомври се очекуваат суштински разговори меѓу двајцата претседатели, потсетувајќи уште еднаш дека односите меѓу Пекинг и Москва се засноваат на взаемно почитување и не мешање во внатрешните работи.