Александра Пријовиќ пред неколку дена го прослави својот 30-ти роденден, а српските медиуми открија дека за роденденот добила скап подарок од својот сопруг Филип Живојиновиќ – ѓердан од Картие вреден 130.000 евра.
Пејачката на социјалните мрежи сподели и како го прославила својот роденден, а на една фотографија е во прегратка на својот сопруг. За оваа пригода, Живојиновиќ решил да ѝ подари ѓердан што сакала да го купи по породувањето.
Станува збор за парче од луксузниот бренд Cartier украсено со 162 дијаманти и чини 130.000 евра.
Да ве потсетиме дека српската пејачка на почетокот на овој месец се породи со ќерка по име Арија.
Српските медиуми објавија дека регионалната музичка ѕвезда се породила во приватна клиника. Тие исто така додадоа дека породувањето поминало добро и дека и мајката и бебето се добро.
„Породувањето помина без проблеми, а мама и бебе се чувствуваат добро. Александра по породувањето беше префрлена во стан, а гордиот татко наскоро ќе ја види својата ќерка. Сепак, оној кој најмногу се радува на новиот член е малиот Александар, па во наредните часови ќе ја запознае и својата сестра“, изјавија тие.
За потсетување, Александра и Филип станаа родители пред шест години кога пејачката го роди момчето, Александар. Пејачката и претходно изјави дека би сакала да го прошири своето семејство, но дека нејзин сон е да има ќерка.