“ЗА СЕ Е ВИНОВЕН ИЛОН МАСК!“ – Вработен во Твитер открива шокантни детали: “Ситуацијата е хаотична, ништо не функционира“

Илон Маск го следат најмалку двајца телохранители каде и да оди, дури и во бањата во седиштето на социјалната мрежа Твитер во Сан Франциско.

Инсајдер открил за BBC дека двајцата телохранители кои го штитат милијардерот се „големи“, „високи“ и изгледаат како ликови од холивудски филм.

Каде и да е Маск, има најмалку двајца телохранители. Дури и кога оди во тоалет“ – изјавил за BBC инженер вработен во Твитер, кој сакал да остане анонимен за да го заштити своето работно место.

Инженерот од Твитер ја опишува атмосферата во седиштето на компанијата како хаотична.

Кога гледате однадвор, фасадата изгледа добро. Но, кога сте внатре, тоа е како зграда во која секој дел е запален. Ништо не функционира“, открил инженерот, додавајќи дека хаосот настанал откако Маск почнал со масовни отпуштања на вработените.

Најмалку половина од работната сила на Твитер е отпуштена или одлучи да си замине откако Маск ја купи популарната социјална мрежа. Набргу по преземањето на Твитер во октомври, Маск отпушти илјадници вработени како дел од акцијата за намалување на трошоците.

Инженерот верува дека употребата на телохранители од страна на Маск во седиштето на Твитер во Сан Франциско укажува на недостаток на доверба во вработените во компанијата.

Маск први се за пари“, истакнал инженерот. Освен што ги отпуштил сите чистачи и хигиеничари, Маск во еден момент се обидел да им продаде канцелариски погони на вработените.

Во декември Маск обвини млад човек дека го следел автомобилот, во кој бил неговиот двегодишен син, бидејќи мислел дека во возилото се наоѓа и тој.

Таткото на Маск, Ерол, во јануари изјави дека се плаши за безбедноста на неговиот син и покрај тоа што е заштитен од „100 чувари“. Маск го надгради безбедносниот систем во домот на неговиот татко во Јужна Африка со 24-часовни вооружени чувари, камери и електрични огради.

Не е толку невообичаено високите директори и извршните директори да бидат придружувани од телохранители. Американската комисија за хартии од вредност откри дека Фејсбук потрошил повеќе од 23 милиони долари во 2020 година за безбедноста на извршниот директор Марк Закерберг.