За три недели во Газа убиени повеќе од 3.600 деца

Повеќе од 3.600 деца се убиени во првите 25 дена од војната помеѓу Израел и Хамас, објави министерството за здравство на Газа. Меѓу нив има и новороденчиња и доенчиња, како и момчиња кои верувале дека се на безбедно во црква.

Речиси половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа се помлади од 18 години и децата сочинуваат 40% од оние кои досега загинале во војната. Податоците од тамошното министерство за здравство покажуваат дека до 26 октомври загинале 2.001 дете помладо од 12 години, од кои 615 имале три или помалку години.