За љубовната кампања, Victoria’s Secret сега ја претставува 66-годишна манекенка

Нејзиното име е Елизабета Деси, има 66 години и кога била млада, во 70-тите и 80-тите години имала успешна кариера во Италија, се додека тогашните правила и дозволувале да остане на модните писти.

Елизабета беше олимписка пливачка, потоа модел, а сега се врати на модната писта за да присуствува на ревијата на високата мода на Валентино на модната недела во Милано, а потоа стана првата манекенка над 60 години која ја претставуваше Викторија Сикрет.

Познатиот бренд за долна облека низ годините беше критикуван за стандардот на убавина што го претставуваше со многу слабите девојки кои го добија прекарот „ангели“.

Поради бројните критики, лидерите беа принудени да го сменат правецот.

Конечно, Victoria’s Secret има се, дури и девојки со пополни форми, а сега 66-годишна жена рекламирала два дизајни на брендот.

Елизабета е избрана за љубовната кампања, односно Свети Валентин, а овој избор укажува на нагласената промена што модниот свет ја презема за да ја промовира убавината на секоја возраст.