За 24 часа врз областа Керсон биле истрелани 487 гранати

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во руски напад врз областа Керсон, јужна Украина, изјави шефот на регионалната воена управа Керсон, Олександр Прокудин.

Тој додаде дека во текот на изминатите 24 часа, руските вооружени сили ја гранатираа областа Керсон 76 пати и истрелаа повеќе од 487 гранати.

Прокудин истакна дека „непријателот истрелал 33 гранати врз градот Керсон“, како и оти цел на нападот биле станбени реони во областа Керсон.