За 245 илјади ученици, новата учебна 2025/2026 година започнува денес

За 245.000 ученици, од кои 177.800 се ученици во основно училиште и 67.200 се ученици во средно училиште, денес започнува новата учебна 2025/2026 година.

Наставата ќе се одржува до 10 јуни, со исклучок на матурантите, за кои редовната настава ќе трае до 15 мај.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека учебници се обезбедени за сите ученици и за прв пат по седум години ќе има и учебници за странски јазици.

Вештачката интелигенција влегува во процесот на учење, а средношколците ќе можат да добијат и образовни асистенти.

Таа рече дека условите за настава се подобрени во некои училишта, а за учениците со пречки во развојот се вработени и асистенти.