Збогум, легендо! Цела поранешна Југа се простува од саканиот актер – познато е времето и местото на погребот
Имаше богата актерска кариера и играше во театар, како и во филмови и серии. Играше во продукции како „Аудиција“, „Тетовиран театар“, „Татко на службен пат“, „Кудуз“, „Луд, збунет, нормален“…
Актерот Харис Бурина (61) починал синоќа во Зеница на одделението на ургентниот блок на Кантоналната болница Зеница, потврдено е за Klix.ba.
Според овој портал, претходно му бил дијагностициран рак.
Со длабока тага ги известуваме театарските уметници и публиката, граѓаните на градот Зеница и пошироката јавност дека во среда, на 5 јуни 2024 година, Харис Бурина, актерот на Босанскиот народен театар од Зеница, засекогаш не напушти. Комеморацијата на нашиот драг колега ќе се одржи во четврток, на 6 јуни во 16:00 часот во Босанскиот народен театар во Зеница – стои во соопштението.
Ден подоцна, во петок, на 7 јуни, после џума намазот на гробиштата во Црквице ќе се одржи последното збогување и погребот на Бурина.