Зборот „Пеле“ влезе во речник, ќе означува нешто несекојдневно

Името на еден од најдобрите фудбалери на светот, а според многумина и најдобриот фудбалер на сите времиња, легендарниот Бразилец Пеле, официјално влезе во речниот на португалскиот јазик во Бразил и од сега ќе означува неповторливост и несекојдневност, токму оние карактеристики својствени за Пеле.

„Станува збор за една од најоригиналните кампањи во која било кога учествував. Неговото име во речникот е многу важен дел од наследството кое Пеле секогаш ќе го одржува во живот“, рече Жое Фрага, извршниот директор на Фондацијата „Пеле“, пренесе ТРТ Балкан.

Како примери на употребата на новите зборови наведени се дека некој е „Пеле во медицина“, „Пеле во кошарка“, „Пеле во тенис“, или „Пеле на драматургијата во Бразил“.

Новиот збор веќе е дел од дигиталното издание на официјалниот речник во Бразил, а истото ќе биде направено и во новото печатено издание.

Легендата на светскиот фудбал Едсон Арантес до Нашименто Пеле, еден од најголемите фудбалери на сите времиња почина во 82 година од животот, на 29 декември минатата година.

Пеле во болница беше од 29 ноември 2022 година. Имаше операција на отстранување на тумор од дебело црево во септември 2021 година, а од тогаш во повеќе наврати беше хоспитализиран.