Зголемувањето на платите на работниците не е синдикална дилема, туку обврска тоа да се бара од власта
Сојузот на синдикати на Македонија се соочува со нов предизвик. Како против колегите синдикалци од други синдикати. За ССМ е нејасно како може еден синдикат да е притив зголемување на плати, и да се залага платите да не растат, а со тоа да им се дава поддршка на владините политики. Од друга страна од ССМ велат и дека трпат напади токму од разни синдикати. Но, велат дека нема да се откажат во намерата и борбата за подобрување на работничките права. Нивното мото е „Колку и да не напаѓаат, толку посилни не прават.“
Од ССМ велат дека на сила се создава жолт синдикат КСС кој треба да ги аминува сите лоши политики на штета на работниците. Ова според најголемиот синдикат се прави со цел да нема Општ колективен договор за јавниот сектор, да нема јубилејни награди и К-15, да нема пресметка на плата по функционерската методологија – просечна плата по коефициент на сложеност, за да не се зголеми минималната плата на 500 евра и за да не се зголемат останатите плати.
„Прво се правеше упад во синдикалното движење во Македонија, потоа без социјален дијалог се намали прагот за утврдување на репрезентативност на синдикат на национално ниво од 10% на 5%, па сега се прави обид на сила да се направи репрезентативен синдикат, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со што се запечатува неговата судбина како жолт синдикат!“, велат од ССМ.
Од ССМ обвинуваат дека во половина од годинава власта се обидува да го стави Сојузот на синдикарти во втор план, насилно да им го земе членството и да ги зачлени во други синдикати кои се блиски до оваа влада.
„Изминатите 6 месеци, советник од Владата, владини функционери, министри, градоначалници, директори, раководители, шефови, беа вклучени во операцијата за насилно зачленување на работниците кои работат во институциите со кои раководат тие, за да формираат нивни (партиски) синдикални организации во партискиот и жолт синдикат КСС се со цел да се покаже дека работниците се задоволни, а синдикатот (КСС) послушен. Последен обид е, според информациите, насилното свикување на Комисијата за утврдување на репрезентативност по насоки на Советник во Владата за да се даде репрезентативност на КСС, а на штета на работниците и во интерес на Владата!”, обвинуваат од ССМ.
Иако, Сојузот на синдикатите на Македонија ја исполни потребната бројка на членови од над 10% од вкупниот број на работници за репрезентативност, но се уште го нема добиено решението и по истекот на 2 месеци од пребројувањето. Според нив сега се прави насилен обид, синдикат со помалку од 5% да добие репрезентативност со што ќе се укине социјалниот дијалог во Македонија како што тоа е случај во недемократските земји!
„Овој последен обид покажува дека не само што се против синдикатите, туку се и против работниците! За тоа за кој се вршеше притисок, за тоа за кој агитираа, се закануваа и притискаа горенаведените функционери, за брзо време ќе се дознае, а потоа?“, додаваат од ССМ
Уште на стартот, по доаѓањето на оваа власт на Илинденска број два, Сојузот на синдикати на Македонија почна со повторување на првомајското барање за раст на минималната плата од 450 евра. Но како поминуваа месеците така растеа и трошоците на граѓаните за живот. Синдикалците тогаш побараа и уште бараат минималец од 500 евра за достоинствен живот, сума која треба да ги зголеми и просечната и останатите плати во државата. Но, власта наместо да преговара за да се дојде до некое пристојно решение на ССМ му залепи етикета дека е соработник на опозицијата и дека работи против државните интереси. Но синдикатите тоа експресно го отфрлија и побараат соочување на јавна дебата со владини претставници и особено со премиерот. Од КСС пак обвинувањата на ССМ ги отфрлаат и тврдат дека тие се репрезентартивен синдикат.
И додека синдикатите меѓусебно се обвинуваат македонскиот работник е на дното во регионот по висината на минималната плата.