ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ЌЕ ГИ СРУШИ СИТЕ РЕКОРДИ – Легендарниот Чола ќе земе шокантна сума на пари за новогодишниот настап во Дубровник
Здравко Чолиќ ќе добие вртоглави 130.000 евра за дочекот на новата 2024 година на дубровнички Страдун во Хрватска, пренесуваат медиумите.
Според српските медиуми, ова е убедливо најголемата сума што некој пејач ја добил за настап на новогодишната ноќ во Хрватска, по Дина Мерлин, која наводно заработил 80 илјади евра за дочекот на 2018 година во Дубровник.
„Драги пријатели, со нетрпение го очекувам Дубровник, новогодишната ноќ на Страдун, најубавата сцена на светот! Здравко Чолиќ ве сака и ве поздравува“, изјави пејачот кога беше најавено дека ќе настапи во Дубровник по повод Новата година.
Инаку, настапот на Владо Георгиев се издвои како најскапата новогодишна забава во регионот, бидејќи оние кои сакаат да влезат во Новата година со овој кантавтор ќе треба да издвојат и по 500 евра по човек.