Здравствени придобивки од консумирање на брокула

Антиоксидативниот состав на брокулата е еден од најголемите бенефити кои може да ги понуди брокулата за човекот. Свежата брокула е исклучително богат извор на витамин Ц. Брокулата е добар извор на минерали, како што се: калциум, магнезиум, железо, селен.

Брокулата содржи биоактивни состојки што може да го спречат воспалението во ткивото.

Консумирањето брокула го контролира нивото на шеќер во крвта.

Брокулата е богата со растителни влакна и антиоксиданти, кои се многу важни за здравјето на цревата и дигестијата. За нормално функционирање на цревата се потребни добри бактерии, кои се клучни за дигестивното здравје. Луѓето што страдаат од констипација треба да консумираат брокула, бидејќи таа е одлична за редовно празнење на цревата.

Брокулата може да се јаде сирова или преработена. Тие задржуваат голем дел од нивните хранливи материи ако ги готвите на пареа.