Ротквицата е коренест плод кој помага за пролетно „будење“ на организмот и ги штитат бубрезите од формирање на камен. Ротквиците особено се препорачуваат за оние кои во текот на зимата прележале бронхитис или воспаление на синусите. Покрај тоа, тие се класифицирани меѓу зеленчукот кој е корисен за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести, за намалување на холестеролот, регулирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок.
Ротквиците ја стимулираат и работата на црниот дроб, жолчната кеса и ја чистат крвта. Влакната со кои изобилуваат, го регулираат празнењето на цревата, па ефективно ги исфрлаат токсините и ја спречуваат појавата на запек.
Овие црвени плодови се исто така важни за здравјето на кожата. Успешно го чисти лицето од акни и делува антивоспалително. Пожелно е да ги јадете, но и да ги ставате на проблематично место на кожата.
Сокот од ротквичка се смета за добар природен лек против уринарна инфекција, е одличен диуретик и помага при исфрлање на бактериите.