Зеленски во посета на Филипините

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети Филипините, каде што се сретна со неговиот филипински колега Фердинанд Маркос Јуниор и му се заблагодари за учеството на Филипините на претстојната мировна конференција во Швајцарија за конфликтот во Украина.

На средбата со Маркос во Манила, Зеленски им се заблагодарил на Филипините за нивната јасна позиција во однос на рускиот напад врз Украина, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека се уште не се знае дали на конференцијата ќе присуствува претседателот на Филипините или неговиот пратеник.

Маркос рече дека е почестен од посетата на Зеленски на Филипините.

Мировната конференција во Швајцарија за конфликтот во Украина се одржува на 15 и 16 јуни, а на неа не беше поканета Русија.

Претходно од Москва беше соопштено дека конференцијата без учество на Русија е безначајна, пренесува Танјуг.