ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКУВА ПУТИН НА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ: „Русија треба да престане да се крие од одлуките, Украина е подготвена“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, ѝ испратил на Москва понуда за одржување нова рунда преговори следната недела.
Во своето вечерно обраќање до нацијата, Зеленски нагласи дека динамиката на преговорите треба да се забрза и дека треба да се направи сè за да се постигне прекин на огнот, пренесува Укринформ.
– Руската страна треба да престане да се крие од одлуките. Размена на затвореници. Враќање на децата. Запирање на убиствата. И потребен е состанок на лидерско ниво за вистински да се обезбеди мир – навистина траен. Украина е подготвена за таков состанок – нагласи претседателот на Украина.
Зеленски рече дека разговорите со руската страна во врска со размените се во тек, дека Украина продолжува да ги исполнува договорите од последниот состанок во Истанбул и дека тимот моментално работи на друга размена,
Последната размена на затвореници меѓу Украина и Русија се одржа на 4 јули.