Зеленски за завршување на војната: „Путин не сака, мораме да го присилиме“ 

Во понеделникот, претседателот Володимир Зеленски се залагаше за дипломатско решение за руската војна во Украина и предложи распоредување на странски трупи во Украина додека таа земја не се приклучи на НАТО. 

Изјавите на украинскиот претседател на заедничката прес-конференција со германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц сугерираат на зголемена отвореност на Киев за преговори додека Доналд Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Новоизбраниот американски претседател повика на итен прекин на огнот и разговори за ставање крај на „лудилото“ во неделата по средбата со Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

„Украина сака крај на оваа војна повеќе од кој било друг. Нема сомнение, дипломатско решение би спасило повеќе животи. Ние се стремиме кон тоа“, им рече Зеленски на новинарите во Киев во понеделникот.

Зеленски рече дека разговарал за „замрзнување“ на линиите во војната на средбата со Макрон и Трамп. Русија контролира речиси една петтина од украинската територија од започнувањето на инвазијата во 2022 година што го предизвика најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Зеленски рече дека им рекол на двајцата лидери дека не верува оти Путин всушност сака да ја заврши војната и дека рускиот претседател ќе мора да биде принуден на тоа.

„Можете да употребите сила само ако Украина е силна. Силна Украина пред каква било дипломатија значи силна Украина на бојното поле“, рече Зеленски, имплицирајќи дека на Киев му е потребна дополнителна воена помош. 

Зеленски се врати и на идејата на Макрон од февруари, според која европските земји ќе испраќаат војници во Украина. За ова немаше консензус меѓу европските лидери.

– Можеме да размислуваме и да работиме на гледиштето на Емануел.

„Но, треба да знаеме кога Украина ќе биде во Европската унија и кога Украина во НАТО“, додаде тој.

Ако има пауза додека Украина не е во НАТО, па дури и да имавме покана, но немаше да бидеме во НАТО и ќе имаше пауза, тогаш кој ни гарантира каква било безбедност?