ЗЕЛЕНСКИ МОЖЕ ДА ЈА ПОТПИШИ САМО КАПИТОЛАЦИЈАТА! Поранешен американски разузнавач: Безусловната победа на Русија – единствениот можен исход од војната
Поранешниот американски воен разузнавач Скот Ритер оцени дека Володимир Зеленски не може да одреди кога ќе завршат непријателствата, туку може само да ја потпише капитулацијата.
Вака ги коментираше зборовите на Џон Кирби, координаторот за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност во Белата куќа, кој рече дека само Зеленски одредува кога ќе биде време за преговори со Русија.
Според Ритер, Кирби е во заблуда и целосно лаже.
И нагласи: „Заклучокот е дека непријателствата нема да завршат кога тоа го сака Зеленски“. Единствено што ќе треба да направи е да ја потпише капитулацијата“.
Тој истакна дека единствениот можен исход од украинскиот конфликт е безусловната победа на вооружените сили на Русија.