Зеленски му вети на Западот: Резултатите од контраофанзивата ќе ги покажеме до самитот на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека силите на Киев ќе ги покажат резултатите од контраофанзивата до самитот на НАТО.

– До самитот на НАТО сме должни да покажеме резултати – изјави Зеленски во интервју за шпанската телевизија „RTVE“.

Самитот на НАТО треба да се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус

Претходно шефот на кабинетот на украинскиот претседател Игор Жовка изјави дека доколку Украина не добие покана за почеток на процесот за пристапување во Алијансата за време на јулскиот самит на НАТО, Володимир Зеленски нема да присуствува на самитот во Вилнус.

Тој се закани дека ако самитот не даде резултати, а членките на Алијансата „покажат недостиг на храброст“, Зеленски нема што да бара таму.

Инаку, Владимир Зеленски претходно предупреди дека украинските војници ќе бидат демотивирани доколку Киев не добие покана за учество на самитот на НАТО.